Тодоров: Во Бутел ќе се изгради комплетно нова поликлиника

Денес мораме да ветиме дека ќе го одбраниме нашиот народ и нашата земја, утре е последниот ден од кампањата и уште само овие денови до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ. Изминативе денови се сретнав и разговаав со многумина од вас и после тоа убеден сум дека Бутел масовно ќе се спротистави на идеите на Заев. Граѓаните на Бутел на 11 декември ќе гласа против двојазичноста и против менување на Уставот, изјави Никола Тодоров носител во ИЕ 2.-ВМРО-ДПМНЕ ја има најобемната и најреална програма досега и ние имаме обврска да го оствариме тоа што сме го ветиле во програмата, а доказ дека ќе го оствариме се многу бројните работни места, градење на автопати, градењето на спортски сали, училишта, а во иднина гарантираме нови вработувања, набавување на нови медицински апарати, субвенции за плиснки уреди во автомобилите, субвенции за граѓаните кои сакаат да се греат на пелети и многу други проекти. А овде во Бутел ќе изградиме и комплетно нова поликлиника Бутел, две нови градинки, спортски игралишта, како и проектот рурални развојни зони ќе биде дел од ова населено место, потенцираше Тодоров.
Тој исто така потенцираше дека не може да заборави она што Заев го заговарал во Швајцарија и ветил двојазичност на целата територија на на Македонија, а за возврат побарал поддршка од целата Албанска дијаспора.
-Вчера во Куманово апелирав до членовите во Куманово сериозно да размислат за кого ќе гласаат истото ќе го направам тука во Бутел, сите оние кои што сакаат да го поддржат Заев ве молам да ја прочитате 163-та страна од програмата на СДСМ каде што пишува дека во Бутел ќе има градоначалник Албанец и ќе се воведе целосно користење на албанскиот јазик. И затоа народот на Бутел на 11 декември ќе му каже големо Не на Заев за дестабилизација на Македонија, истакна Тодоров.
-ВМРО-ДПМНЕ ја има најобемната и најреална програма досега и ние имаме обврска да го оствариме тоа што сме го ветиле во програмата, а доказ дека ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: