Тодоров: Во месец јуни ќе започне да се гради новиот Клинички центар- еден од најсовремените во ЈИЕ

Во месец јуни ќе започне да се гради новиот Клинички центар и круна на она што до сега е работено, станува збор за најсовремен здравствен објект со преку 70 илјади метри квадратни претставува круна, изјави во своето гостување во вестите на телевизија Сител министерот за здравство, Никола Тодоров.-Во наредните 45 месеци, веројатно ќе биде еден од предизвиците дополнителни со кој што ќе се соочуваме како здравствен систем. Но, она што ќе следи е круна би рекол на сето она што до сега е работено, а тоа е изградба на најсовремен објект на преку 70 илјади метри квадратни вкупна нето површина, кој што ќе биде еден од најсовремените клинички центри во Југоисточна Европа, изјави Тодоров при своето гостување.
Тој додаде дека со тоа се поставува нов сериозен и повисок здравствен стандард и дека позитивно ќе влијае врз третманот на болните лица.
-Сериозно позитивни ќе влијае, суштински ќе го промени, имајќи предвид дека сериозно повисок стандард се поставува на функционирањето на целиот здравствен систем, особено во делот на интензивната нега каде што ќе имаме комплетно нов пристап, односно секој кревет ќе во посебна просторија со што сериозно позитивно се влијае на намалување на интрахоспиталните инфекции, кој што една од клучните аспекти за подобрување на третманот на овие најтешко болни лица. Но исто така она што многу значајно е што ќе се обезбеди поголем простор за амбуланти, поголем простор за чекални и комплетно подобра организација. Имајќи предвид дека сега Клиниките сега се во повеќе различни згради и транспортот на пациенти од една во друга зграда претставува сериозна потешкотија и за здравствените работници но и за пациентот, додаде Тодоров.
Како што истакна Тодоров, градбата се очекува да започне во месец Јуни, по потпишување на договорот, и ќе има рок на изградба од 45 месеци.
-Очекуваме градбата та почне по потпишување на договорот во месец јуни оваа година, 45 месеци се предвидени за градба, а за паркирање се предвидени две катни гаражи комплетно нови. Тоа ќе бидат најголемите гаражи во државата со 1250 возила во секоја од нив, со што комплетно треба да се реши паркирањето во кругот на Клиничкиот центар. Особено имајќи предвид, влезот на Клиничкиот центар што сега се користи за сите возила ќе биде наменет исклучиво за амбулантни возила од итната медицинска помош, истакна министерот.
Тодоров исто така вели дека ова е најголемиот инвестициски циклус во здравствената инфраструктура, затоа што покрај изградбата на Клиничкиот центар веќе неколку болници се реконструирани или се реконструираат.
-Во овој момент би рекол најголемиот инвестициски циклус во здравствената инфраструктура, затоа што покрај Клиничкиот центар кој што сега го започнуваме, кој што како што кажав претставува круна на се она што досега сме го работеле, во тек е изградбата на клиничката болница во Штип, тоа е 56 милиони евра вреден проект, исто така станува збор за една од најсовремените болници која што ќе биде изградена и во Македонија и пошироко. Во тек е и реконструкција на старата градска болница околу 2 милиони евра проект, во тек е реконструкција на болницата Свети Размо 3,5 милиони евра, во тек е реконструкција на болницата во Струмица, тоа беше дел од болница која што беше ете повеќе од 25 години стоеше така на забот на времето тоа е негде над 4 милиони евра, се заврши реконструкцијата на болницата во Прилеп, се заврши реконструкцијата на болницата во Битола надворешната реконструкција и реконструкцијата на болницата во Велес, истакна министерот за здравство, Никола Тодоров.-Во наредните 45 месеци, веројатно ќе биде еден од предизвиците дополнителни со кој што ќе се соочуваме како здравствен систем. Но, она што ќе след

Пронајдете не на следниве мрежи: