среда, 18 ноември 2026
Најново

Тодоров во Старо Нагоричане: Поддршка од 80 проценти за набавка на високоприносен добиток

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Никола Тодоров носител на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата за подобра Македонија од ИЕ2 пред жители од Старо Нагоричане истакна дека државата со 80% ќе ја поддржи набавката на високоприносен добиток со генетски потенцијал од познато потекло.-Овие 80% од трошоците се неповратна финансиска поддршка која ќе се одобри при набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци, педигрирани машки и женски приплодни грла кози и педигрирани свињи (нерези и назимки).Набавката на грлата ќе се врши од признати организации на производители, посочи Тодоров.
Тој образложи дека право на користење на мерката ќе имаат одгледувачи на добиток запишани во Единствениот регистер на земјоделски стопанства, а максималната вредност на прифатливите трошоци ќе изнесува до 6.500.000 денари по корисник.-Овие 80% од трошоците се неповратна финансиска поддршка која ќе се одобри при набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од

Поврзани вести