Тони Крос призна: Баерн беше мојот приоритет и сакав да останам таму, но…

Во разговорот за официјалната страница на Фудбалскиот сојуз на Германија (DFB), Тони Крос (24) призна дека им се радува на новите предизвици кои го чекаат во Реал Мадрид.Како што тврди, тој имал намера да остане во клубот на Пеп Гвардиола, но работите се искомплицирале за време на преговорите со баварскиот клуб.
„Почнав да размислувам за заминувањето во Реал дури кога пропаднаа преговорите со Баерн. Тој клуб беше мојот приоритет и до тој момент не разговарав со никој друг. Но, по пропаднатите преговори се одлучив за нов предизвик. Кога го освоивме Светското првенство во Бразил, одлучив да ја продолжам кариерата во Реал Мадрид“, рече Крос.
Сестраниот германски репрезентативец ги негираше гласините дека го напуштил Баерн бидејќи не бил ценет од страна на тренерот и челниците на клубот.
Реал Мадрид му плати на Баерн околу 25 милиони евра за реализација на трансферот.Како што тврди, тој имал намера да остане во клубот на Пеп Гвардиола, но работите се искомплицирале за време на преговорите со баварскиот клуб.

Пронајдете не на следниве мрежи: