Тони Михајловски: „Дваесет години работев во шупа, на 30 години фатив реума и шуга“

Тони Михајловски, актерот во Македонскиот народен театар (МНТ) е среќен што тој и неговите колеги конечно имаат објект каков што заслужуваат.- Кога сме во новата зграда на МНТ имам чувство дека сме на некое гостување и дека кога ќе излеземе од тетарот, треба да се качиме во автобус или на авион и да се вратиме во Скопје. Дваесет години работев во шупа, на 30 години фатив реума, две години подоцна и шуга. Сега ја добивме вечната куќа и немаме намера да излеземе од неа. Госпоѓо министерке, ќе нѐ разгалите, па ќе имате разгалени актери – изјави Михајловски.
Михајловски е дел од големата актерска екипа на претставата „Вечна куќа“ со која на 7 декември свечено ќе се отвори новиот објект на МНТ. Текстот е на Јордан Плевнеш, а режијата е на Дејан Пројковски.
– Претставата е репрезентативна и спектакуларна. Токму онаква каква што заслужува овој театар. За мене најемотивен момент во претставата е тоа што Васил Шишков, инаку син на бардот на македонското глумуште Ристо Шишков, го игра токму Васил. Јас во театарот израснав со аурата на Ристо Шишков и секогаш имав чувство дека е тој тука некаде – Михајловски.- Кога сме во новата зграда на МНТ имам чувство дека сме на некое гостување и дека кога ќе излеземе од тетарот, треба да се качиме во автобус или н

Пронајдете не на следниве мрежи: