Тони Михајловски: „Сакав да си исетовирам 13. Ама се појави Боки 13-ка“

Одамна е верувањето дека петок 13 е ден кога треба да се остане дома, да не се патува, а потеклото на верувањето за несреќите поврзани со овој ден има различни толкувања.Стравот од петок 13-ти е толку распространет што има и свое стручно име – параскаведекатриафобија и фригатрискаидекафобија, а стравот од бројот 13 се вика трискаидекафобија. Одамна е верувањето дека петок 13 е ден кога треба да се остане дома, да не се патува, а потеклото на верувањето за несреќите поврзани со овој ден има различни толкувања.
Една легенда вели дека Адам и Ева токму на петок 13-ти пробале од забранетото јаболко, а според друга, пак, норвешка легенда, дека на една веселба кога влегол тринаесеттиот гостин, бил убиен богот на веселбата Балдер, и оттогаш завладеала темнината.
Поради стравот од петок 13-ти многу болници низ светот немаат соба со број 13, некои облакодери го немаат тој кат, а не постои авионски патнички лет што го содржи бројот 13. Американскиот претседател Френклин Рузвелт никогаш не патувал на 13-от ден во месецот и никогаш не угостувал 13 луѓе. Наполеон и американскиот претседател Херберт Хувер исто така имале голем страв од бројот 13. Американскиот писател Марк Твен еднаш бил предвиден како 13- ти гостин на некоја забава, а пријателот го советувал да не оди.
Подоцна Твен вака го опишува тоа сеќавање „Навистина тоа беше една несреќна вечера, а на масата, веројатно не сакајќи, имаше само 12 чинии, додека јадењето беше подготвено само за 12 гости“. Во Париз рестораните што имаат суеверен сопственик често ангажираат професионален 14-ти гостин.
На бројот 13 му е најнесреќна позицијата. Следува веднаш по бројот 12, кој е според нумеролозите комплетен број зашто годината има 12 месеци, астрологијата познава 12 зодијачки знаци, на Олимп живееле 12 бога, Херкул извршил 12 задачи, Израел имал 12 племиња, Исус – 12 апостоли, а 12-от ден по Божиќ дошле трите свети крала.
Но тоа не важи за сите. Поголем дел од јавните личности на 13-ката гледаат како на среќен број, посебно ако се паѓа во ден петок.
-Беше петок 13-ти кога се скинав од војска. Посреќен ден не може да биде. Потоа на факултет бев 13-ти на список. Требаше да полагаме во четврток, ама се одложи за петок. И чекав да влезам 13-ти, ја немаше 12-ката една штипјанка. Си викам ми ја уништи среќата. Влегувам и пред да почнам влетува таа и вика јас сум на ред. Ме прашаа дали ќе дозволам, со огромно срце кажав ДА!И сакав да си исетовирам 13. Ама се појави Боки 13-ка – вели Тони Михајловски.
-Не се вбројувам во лицата кои се суеверни во однос на овој ден. Како и секој петок така и овој за мене е исполнет со тековни работни обврски. И не само што не е баксузен , денес сосема спротивно, расположена и без проблем ги завршувам обврските подготвувајќи се за попладневен ручек со пријателите и план за престојниот викенд. Интересни се приказните поврзани во врска со овој датум , но јас не верувам во приказните дека бројот тринаесет, па и дека петок тринаести сам по себе носи несреќа – вели водителката Симона Николовска.
-Не сум суеверен, а петок посебно кога е 13-ти ми е омилен .
Роден сум на 13-ти, пораснав на 13-кат, така што 13 ми е омилен број – вели Игор Атанасовски Харе.
Не сум суеверна, не верувам дека петок 13 ти носи лоша среќа, и воопшто не мислам дека е баксузен ден Напротив, 13 ми е среќен број, затоа што сум родена на 13 Јануари и полнолетството го прославив на петок 13ти, вели Милена Антовска.
Секогаш забележувам кога доаѓа, но не сум суеверен. Иако интересно е, имам некое чувство дека нешто ќе се случи, па ќе видиме како ќе заврши и овој ден – вели „идолот“ Иван Раденов.
Извор: Република.мкСтравот од петок 13-ти е толку распространет што има и свое стручно име – параскаведекатриафобија и фригатрискаи

Пронајдете не на следниве мрежи: