Веста за ненадејната смрт на 44-годишниот актер Васил Шишков ја објавија актери и режисери на своите профили на социјалните мрежи, кои се простуваат од својот колега.Фејсбук статус на актерот Тони Михајловски по смртта на Васил Шишков…
-Почивај во мир драг пријателе, напиша актерот Борче Начев.
-Не ми се верува Васе. Почивај во мир, се надевам дека сега ќе го најдеш, напиша уште еден негов колега, Петар Горко.
Шишков почина вечерва во Скопје.Шишков (44) беше син на познатиот македонски актер и легенда Ристо Шишков. Тој глумеше ролји во серијалот Македонски народни приказни, и во филмовите „Џипси меџик“, „Бог да ги убие шпионите“, „Македонија може“ и други. Уште не се знае која била причината за смртта на Шишков.Фејсбук статус на актерот Тони Михајловски по смртта на Васил Шишков…
Пронајдете не на следниве мрежи:



