Тони Зен отворено говори за Кили и марихуаната

Во интервјуто  за порталот  concept. mintsquare.co Тони Зен искрено зборува за многу прашања поврзани со неговиот нов албум Микро скопски организам, коментирајќи настани и песни како и многу други интересни, секoјдневни но и актуелни  теми. Ви пренесуваме дел од интервјуто со некои од  најинтересните прашања на кои Зен одговараше.
Во Скандал дури пророчки спомнуваш дека Кили има добра роба…
– Да, баш и ми спомнаа сега, кога му се случи тоа на Кили. Го оправдувам, го бранам, застанувам на страната на Кили апсолутно. Меѓутоа тие работи се случија поодамна, таа песна е напишана 2006 година. Ние сите си знаеме Кили каков е, нема тука што да се правдам или да кријам, тоа се едноставно метафори и афоризми кои што ние хип-хоп артистите постојано ги користиме, спомнуваме други ликови кои асоцираат на тоа и не значи дека тој стварно имал добра роба или дека бил дилер. Не, тоа се случува сега, во моментот кога човекот си создава билка, пробува да си направи лек за да се излечи. Кај нас пристапот е многу конзервативен, особено кај оние што треба да одлучат дали тоа треба да биде легално или не.

 
Постојат ли во општествово услови за некаква пристојна дебата за ова прашање, но без да се лепат некакви етикети?
– Јас сум за секаква дебата. Многу табу теми треба да се отворат за разговор. Многу луѓе се исплашени, не сакаат да разговараат за такви теми, уплашени се. Јас сум оптимист, позитивно гледам на тие работи и верувам дека еден ден ќе се отворат нормални дебати околу тоа прашање.
Конкретно, твојот став околу ова прашање легализација на марихуана, да или не?
– Апсолутно да. Затоа што има многу бенефиции од канабисот што на нас не ни се јасни и многу погрешно се гледа околу таа работа. Има голема разлика меѓу марихуаната и се она што е друго вештачки хемиски создадено. Станува збор за една билка за која што треба сериозно да се разговара за неа и за нејзините бенефиции.Ви пренесуваме дел од интервјуто со некои од  најинтересните прашања на кои Зен одговараше.
Во Скандал дури пророчки спомнуваш

Пронајдете не на следниве мрежи: