Топ 10 брендови на лаптопи во светот во 2013

Веќе се наоѓаме во четвртиот квартал на 2013 година. Длабоко навлезени во 21 век, компјутерските системи и унапредувањето на новите технологии како корисници секојдневно будно ги следиме. Додека ги очекуваме резултатите од годинава која одминува, да погледнеме како стоеја нештата во минатата 2012 година, во поглед на продажбата на преносните компјутери (лаптопи) во светот.1.  HP
HP е Американска мултинационална корпорација, која нуди производи, технологии, софтвер, IT решенија и услуги со седиште во Алто, Калифорнија. Актуелен генерален директор на компанијата е Margaret Cushing Whitman. HP е во раст откако се спои со Compaq во 2002-та, заедно со стекнувањето на моќниот EDS во 2008. Приходите од 2012 година се проценети на 120.357 милијарди долари.
2. Lenovo
Lenovo е Кинеска мултинационална технолошка корпорација. Lenovo е втор најголем  продавач на компјутери во светот, според бројот на продадени единици во 2012 година. Тие го стекнаа правото да ја користат технологијата на Американската PC компанија IBM, и покрај културните конфликти, корпорацијата има приходи од 29.57 милијарди долари. Актуелен генерален директор на компанијата е Yang Yuanqing.
3. Dell
Dell е Американска мултинационална корпорација. Тие се трет најголем продавач на компјутерски системи во светот. Dell поседува своја филијала Alienware, која произведува висока класа на преносни копјутери со напредни перформанси. Вкупниот приход од 2012 година изнесува 63.07 милијарди Американски долари. Актуелен генерален директор на Dell e Micheal S. Dell. Меѓутоа, има остар пад во продажбата на нивните производи во однос на претходната година за 21% и постои очекување во Dell за откуп вреден повеќе од 20 милијарди долари.
4. Acer
Acer Inc. се наоѓаат на четврто место на листата на најголеми продавачи на компјутери во светот. Тие се Тајванска мултинационална компанија предводена од генералниот директор JT Wang. Во текот на 2012 година, Acer оствариле приход од 16.18 милијарди долари.

 
5. Asus
Asustek Computer Inc., е Тајванска мултинационална компанија која произведува компјутерски системи. Тие нудат широк ранг на производи меѓу кои десктоп компјутери, лаптопи, нетбук преносни комјутери, мобилни телефони итн. Моментално, генерален директор на компанијата е Jerry Shen. Приходот на оваа компанија во текот на 2012 година изнесува 14.73 милијарди долари, додека профитот изнесува 565.2 милиони долари.
6. Apple
Apple Inc., претходно познати како Apple Computer Inc., е Американска интернационална корпорација чие седиште се наоѓа во Купертино, Калифорнија. Сегашен генерален директор на компанијата е Timothy D. Cook. Четвртиот квартал од 2012 година одбележа приход од 36 милијарди долари и нето профит од 8.2 милијарди долари.
7. Sony
Sony Incorporation e Јапонска мултинационална компанија која се наоѓа во Конан Минато, Токио. Актуелен генерален директор на компанијата е Kazuo Hirai. Оваа компанија освен со производство на компјутерски системи, се занимава и со развој на видео игри, аудио и видео системи итн. Приходот на Sony од 2012 година изнесува 6.3 трилиони јени (63 милијарди долари).
8. Toshiba
Toshiba е Јапонска мултинационална компанија со седиште во Токио. Претседател на компанијата е Norio Sasaki. Компанијата забележа приход од 6.2 трилиони јени (62 милијарди долари) во 2012 година. Toshiba обезбедува разновидни услуги во областите на информациските технологии, комуникациите, производство на разновидни електронски уреди итн.
9. Samsung
Samsung Electronics Co. Ltd, е мултинационална компанија со седиште во Сувон, Јужна Кореа. Приходот на компанијата за 2012 година изнесува 201,103 милијарди Кореански вони, и покажал нето профит од 23.84 милијарди вони (22 милијарди долари). Моментално генерален директор и заменик претседател на компанијата е Kwon Oh-hyun.
10. Fujitsu
Fujitsu е Јапонска мултинационална компанија која се наоѓа во Токио, Јапонија. Тие се посветени на нудење услуги и разновидни производи од областа на информациските технологии. Претседател на компанијата е Masami Yamamoto. Во 2012 година, Fujitsu одбележаа приход од 4.4 трилиони јени (44 milijardi dolari).
автор: Јел1.  HP
HP е Американска мултинационална корпорација, која нуди производи, технологии, софтвер, IT ре

Пронајдете не на следниве мрежи: