Топ 5 јаткасти плодови кои ги препорачуваат нутриционистите

Јаткастите плодови, поради високиот процент на здрави масти кои ги содржат, предизвикуваат подолго чувство на ситост и на тој начин можат да помогнат при губење на вишокот килограми.Пожелно е да се консумираат помеѓу оброците во комбинација со овошје, со цел да се намали гладта помеѓу главните оброци во денот и да се спречи прејадувањето – препорачува нутриционистката Наташа Шоштариќ. 
Макадамијата и пекан оревите содржат најмногу маснотии, па затоа и се најкалорични. При држење на диета, се препорачуваат помалку калорични плодови или умерена консумација на оние калоричните. Најдобрите јаткасти плодови за консумација при диетата се бадемите.
Јаткастите плодови го зајакнуваат имунитетот
Бадемите се богати со витаминот Е, антиоксиданс кој помага во борбата против разните воспаленија, карцином на бели дробови и опаѓање на когнитивните способности. Бразилските ореви се препорачуваат кај мажите, бидејќи содржат селен кој штити од рак на простата.
Топ 5 јаткасти плодови по препорака од нутриционистите
1. Бадемите содржат најмалку калории и тие се одличен извор на витамин Е, кој е еден од најмоќните антиоксиданси. Бадемите го чуваат здравјето на коските, ја подобруваат меморијата и го решаваат проблемот со констипацијата.
2. Бразилските ореви се одличен извор на селен, важен минерал кој делува антивоспалително и го штити срцето од оксидативните оштетувања. Тие исто така штитат од рак на простатата, но треба да се внимава на нивната количина.

3. Оревите содржат најмногу алфа-линоленска киселина, која е облик на омега-3 незаситена масна киселина, па затоа се одлични за чување на здравјето на срцето и правилната работа на мозокот.
4. Кикириките содржат витамини од групата Б, кои учествуваат во правилното распоредување на енергијата во метаболизмот, а се одлични и за трудници бидејќи го штитат плодот од разни оштетувања.
5. Лешниците се добар извор на минерали како магнезиум и фосфор, кои делуваат врз опуштање на мускулите и градбата на коските, како и бакар и манган, кои се одговорни за доброто здравје на коските.  
 Пожелно е да се консумираат помеѓу оброците во комбинација со овошје, со цел да се намали гладта помеѓу главните оброци во денот и да се спречи пре

Пронајдете не на следниве мрежи: