Топ листа: Најдобрите природни маски за коса

Секоја жена сака да има убава и здрава коса. Косата е една од првите работи што се забележуваат кај една личност. Иако во супермаркетите и аптеките се продаваат различни маски за коса, проблемот е што освен што се скапи, тие се и неефикасни, па дури и штетни со оглед на хемикалиите што ги содржат. Овде во игра доаѓа природата, која ни нуди помош. Доволно е само да погледнете во кујната.Ви претставуваме неколку генијални маски што самите можете да ги направите:
-Маска за подобра текстура на косата: Ако имате груба коса со испукани врвови ви треба маска што ќе ја хидратира косата. За оваа маска ви е потребно само 1 банана, масло од јојоба и мед. Бидејќи бананата содржи витамин Б, оваа маска е совршен лек за сува коса. Изматете половина банана во 60 мл. вода, 30 гр. мед и 15 мл. кокосово масло. Маската треба добро да се измати и да добие текстура на крем. Нанесете врз врвовите, оставете ја да делува 20 минути и измијте со топла вода.
-Маска за зајакнување на косата: Маската од јајце е идеална за често третираната коса. Јајцето по природен пат ги враќа сјајот и јачината на косата и ја регенерира по хемиските оштетувања. Изматете едно јајце со по 15 мл. маслиново и кокосово масло, 15 мл. мед и 60 мл. вода. Додајте половина изгмечена банана и матете додека маската да добие кремаста текстура. Нанесете на мокра коса, по половина час измијте ја косата со шампон.

-Маска за мека коса: Маската од авокадо е одлична за косата со оглед на тоа дека авокадото е богато со витамин Е кој ја храни косата. Изматете половина зрело авокадо, јајце и по 15 мл. маслиново и кокосово масло со 30 мл. вода. Кога маската ќе стане креместа, нанесете ја на чиста влажна коса и измијте по половина час.
-Маска за хидратација на косата: Обидете се со маска од мед и мајонез. Помешајте половина зрело авокадо со 50 гр. мајонез и додајте по 50 мл. маслиново и кокосово масло, 15 мл. мед и 60 мл. вода. Втријте ја маската во темето, а потоа и во целата коса. Измијте ја по половина час.
-Брза маска за ревитализација: Изматете едно јајце и 100 гр. мајонез, па додајте 30 гр. мед и 30 мл. вода. Маската нанесете ја на влажна коса и по 50 минути измијте со млака вода. За косата да ви биде сјајна и здрава, нанесувајте ја маската еднаш до два пати неделно.Ви претставуваме неколку генијални маски што самите можете да ги направите:
-Маска за подобра текстура на косата: Ако имате груба коса со и

Пронајдете не на следниве мрежи: