Топло и ладно: Глобално тестирање на издржливоста на новиот Cayenne

Третата генерација на Porsche Cayenne е во стартната фаза. Новата едиција на успешниот модел, кој постигна повеќе од 760 000 продадени единици од 2002, поминува низ комплекс на предизвикувачки серии на тестови. На повеќе места на планетава, под арктички услови, тестовите докажуваат дека Cayenne ги задоволува највисоките стандарди за квалитет наложени од Porsche. Во услови кои достигнуваат од -45 до +50 степени, прототипите и пред-сериските возила поминаа вкупно 4,4 милиони тест километри.Porsche ја одбележува светската премиера на новиот Cayenne на 29 Август 2017 година. Возилото е во комплетно редизајнирано. Подвожјето и шасијата, како и дисплејот и контролниот концепт беа редизајнирани за понатамошно продлабочување на нивоата помеѓу спортско и комфорно подесување на возилото. Главната поента на долгото и комплексно тестирање е да се постигне перфектен баланс помеѓу повеќе компоненти, кои се посебно развиени специјално за Cayenne. За новата генерација на Cayenne – реферирани како E3 од страна на Porsche – процесот започна дури во 2014 година со носечките единици и продолжува до денес со прототипите и пред-сериските возила. Како додаток на неверојатно точните виртуелни симулации, тестирање во реални услови е сеуште високо вреднувано од страна на Porsche и претставува финалното испитување за секој нов модел произведен од страна на производителот на спортски автомобили лоциран во Stuttgart. 

Целосното тестирање на возилата е имплементирано за да ја хармонизира интеракцијата на сите индивидуални компоненти и да ја тестира нивната оперативна стабилност и функционалност во оперативата насочена кон купувачите. Целта е секогаш да се задоволат највисоките стандарди кои ги побарува Porsche. Поточно, овој процес вклучува тешко тестирање на издржливоста на Хидропулс единиците, кои претставуваат хидрауличен објект за тестирање кој користи вештачки вибрации на шасијата и подвозјето. Сеопфатните тестови исто така вклучуваат и реални оперативни тестови за стабилност, на патот како и надвор од него, во локацијата за тестирање на Porsche во „Weissach“ центарот за истражување и развој. Целосниот животен век на возилото се симулира под тешки услови, кои веројатно никогаш нема да се случат додека возилото го користи купувачот. Под секојдневни услови во градски сообраќај, на приградски патишта и автопати, возилата поминуваат до 240 000 километри во период од неколку месеци.

 
За симулирање на екстремен стрес, прототипите на новиот Cayenne се тестирани насекаде во светот, вклучувајќи тркачки патеки, традиционално користени од страна на Porsche каде ги тестираат сите свои модели: Во Германија се тестираат на Хокенхајм, како и на особено предизвикувачкиот Нирбургринг. Во Италија, тестирањето на возилата се одвива преку континуирано возење на 12,6 километри долгата патека во Нардо. Материјалите, сензорите и електрониката мора да го докажат својот квалитет и издржливост во различни климатски услови. На температури до +50 степени во песочните дини во Дубаи и во стрмнините на „Death Valley“ во САД, како и на температури до -45 степени на мраз и снег во Алјаска (Сад). Третата генерација на Cayenne исто така мора да го помине и Start/Stop возењето во сообраќаен метеж во жешките и влажни услови во кинеските градови, да ги помине без грешка тест патеките во Шведска, Финска и Шпанија, да биде транспортирано во Јужна Африка, Јапонија и Нов Зеланд за да заврши екстензивно offroad тестирање. Porsche ја одбележува светската премиера на новиот Cayenne на 29 Август 2017 година. Возилото е во комплетно редизајнирано. Подвожјето и шасијата,

Пронајдете не на следниве мрежи: