Тотенхем се засилува со Солдадо

Англискиот премиерлигаш Тотенхем, се засилува во нападот со Роберто Солдадо.Шпанскиот напаѓач Роберто Солдадо е нов играч на екипата на Тотенхем, Валенсија и Тотенхем веќе ги договорија деталите од трансферот.
Солдадо треба да ги помине уште медицинските прегледи и официјално да потпише договор со англискиот премиерлигаш.
Се претпоставува дека обештетувањето за Солдадо изнесувало околу 30-тина милиони фунти.
Инаку Тотенхем претходно постави рекорд во однос на трансферите, кога го ангажираше Паулињо од Коринтианс за 17 милиони фунти, па трансферот на Солдадо вреден 30 милиони фунти ќе го сруши клубскиот трансфер рекорд.
„Задоволство ни е да соопштиме дека со Валенсија го договоривме трансферот на Роберто Солдадо“ се вели во соопштението на Тотенхем.Шпанскиот напаѓач Роберто Солдадо е нов играч на екипата на Тотенхем, Валенсија и Тотенхем веќе ги договорија деталите

Пронајдете не на следниве мрежи: