Традицијата продолжува:Унгарците лесно ја совладаа Македонија

Унгарците ја совладаа МакедонијаМакедонската селекција загуби со 6 гола разлика од Унгарија  на првиот меч од втората фаза на ЕП во Данска. Крајниот резултат на овој меч е 25-31 во корист на Унгарците. Се чини лошата поставеност на нашите играчи во одбраната е главната причина за високиот пораз. Издание на ракометарите кое не смее да се повтори. Потфрли одбрана, потфрли и нападот. Капиетенот Кирил Лазаров не успеваше да дојде до шанса за шут. Блокот на противничките удари во неколку наврати успеваше да го попречи досега најдобриот стрелец на овој мундијал да се запише на листата на стрелци. Зад неговото име се запишани само 4 гола, два гола во второто и два постигнати  во првото полувреме  – еден од линијата за седум метри и еден од игра. Притоа промаши три удари од седум метри.
Голманот Борко Ристовски со одличната игра на претходниот меч против Австрија ѝ овозможи на Македонија да влезе во втората фаза со два гола. Но овојпат не успеја така да ја зачува мрежата од ударите на противниците, а за тоа не му помогнаа многу ниту колегите од репрезентацијата кои им дозволуваа на противниците лесно да изградат добра позиција за шут. Статистиката вели дека имал 13 одбрани.

Слаба игра и за Филип Миркуловски, кој во првиот дел воопшто не успеја да ја погоди мрежата на противниците. Немања Прибак дебитираше во црвено-жолтиот дрес, но неговата игра беше многу далеку од она што сме научени да го гледаме од Прибак во дресот на „Вардар“.
Од играчите може да се одвои Дејан Пецаковски, кој постигна 5 гола од 7 удари. Иако помина малку време во одбрана, заработи две исклучувања. Тој беше избран за најдобар играч во македонскиот состав.
Дејан Пецаковски постигна 5 гола, Дејан Манасков 5 гола, Филип Миркуловски 4 гола, Кире Лазаров 4 гола,  три од игра и еден од седум метри , Гоце Георгиевски 2 гола, 2 гола и Ванчо Димовски, еден гол постигна Бранко Ангеловски, а  Златко Мојсовски погоди еднаш од линијата за седум метри.
Првиот дел заврши со седум гола предност за Унгарија. Нашата селекција успеја да даде само девет гола, за разлика од Унгарците кои лесно стигнаа до 16 гола. Во вториот дел ракометарите имаа нешто подобро издание, но не доволно за резултатски да се приклучат и да избегнат висок пораз од селекцијата на Унгарија.Македонските ракометари не успејаа да ја прекинат лошата традиција  – Унгарија има 11 победи од 13 официјални натпревари против Македонија.Следниот меч нашите ракометари го играат во понеделник во 16 часот, кога нашите ракометари ќе се сретнат со селекцијата на Исланд.Фото: ЕПАМакедонската селекција загуби со 6 гола разлика од Унгарија  на првиот меч од втората фаза на ЕП во Данска. Крајниот резултат на овој меч е 25

Пронајдете не на следниве мрежи: