ТРАГЕДИЈА: Река проголтала двајца другари!

Милош Бешевиќ (18) и неговиот пријател Бојан Јовановиќ (18) од Белегиш, вчера околу 13 часот се удавиле во Дунав, на локалната плажа Грац, пренесуваат српските медиуми.Според нив, двете момчиња вчера отишле да се бањаат во Дунав, но упаднале во вир и им немало спас. Жителите на Белегиш рекле дека дури и една девојка упаднала во вирот, но имала среќа бидејќи ја спасил човек кој што се капел во нејзина близина.
„Тројцата беа во водата кога одеднаш се најдоа во вир. Девојката успеа да ја спаси еден човек“, изјавил сведокот.
Човекот додаде дека никој не верувал дека ќе се случи трагедија, бидејќи момчињата активно се занимавале со спорт.

„Бојан редовно тренираше и одеше во теретана, но водата беше посилна од него. Неговата сестра загина во сообраќајна несреќа пред неколку години. Беше силно момче. Милош стана тетин минатата година и ја обожаваше својата внукичка. Колку е суров животот“, раскажува познаникот на двете момчиња.
Пријателката на момчињата, која го преживеала вирот, рекла дека водата не била многу длабока.
„Мене ме спаси еден капач. Но, кога се свртев, видов дека Милош и Бојан исчезнаа“, рече потресената девојка.
Телата на момчињата беа извлечени вчера околу 19 часот.Според нив, двете момчиња вчера отишле да се бањаат во Дунав, но упаднале во вир и им немало спас. Жителите на Белегиш рекле дека дури и една девој

Пронајдете не на следниве мрежи: