Трајановски: ВМРО-ДПМНЕ ја креира својата предизборна програма слушајќи ги идеите на граѓаните

Градоначалникот на град Скопје, Коце Tрајановски, присуствуваше и се обрати на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба.Тој констатираше дека ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува праксата да ја креира својата предизборна програма слушајќи ги идеите на граѓаните. Трајановски додаде дека иако сите идеи на граѓаните нема да се најдат во партиската програма, и оние кои нема да бидат впишани во истата, штом се созададат услови за тоа ќе бидат реализирани.
-Сигурен сум дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори и се надевам дека ќе успееме да ги убедиме СДСМ да се соочат со граѓаните на 24 април. Предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе стане владина програма и проектите ќе се реализираат. Затоа овие состаноци се многу сериозни, а има и други форми на кои вие граѓаните ќе може да ги кажете своите идеи, истакна Трајановски. Градоначалникот потенцира дека градот Скопје и даде приоритет на општината Гази Баба во многу проекти, како што се работи и во многу други општини. -Она што сега се работи во Гази Баба е булеварот „Маџари“, што е исклучително важно за сите луѓе кои гравиритаа во овој дел и се надеваме дека ќе заврши кон средината на летото. Го направивме и кружниот тек „16 Македонска бригада“, а со неговото асфалтирање исчезнаа проблемите на граѓаните. Ќе продолжиме и понатаму да ги исполнуваме ветувањата до граѓаните. Нашата идеа е Хиподром да добие излез од автопатот додека не се направи над патникот кој ќе значи развој на тој дел од општинат, истакна Трајановски.
Градоначалникот на Скопје истакна дека и понатаму посветено ќе работат за создавање на услови за подобар живот на граѓаните.Тој констатираше дека ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува праксата да ја креира својата предизборна програма слушајќи ги идеите на граѓаните. Трајановски дода

Пронајдете не на следниве мрежи: