Трајановски: Жерновски бара сечење на 26 дрвја во центарот на Скопје

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски побарал од службите на Град Скопје да исечат цел дрворед во центарот на Скопје. Оваа информација денеска во јавност ја обелодени скопскиот градоначалник, Коце Трајановски.„Имено и сега, општина Центар, каде што градоначалник е господинот Жeрновски од ЛДП има 10 барања за преку 100 дрвја кои што треба да се средуваат и дури бараат едно 26 дрвја да се исечат, цел дрворед во малиот или во големиот ринг во град Скопје. Мислам да престанат со таа дволичност, од една страна да бараат сечење на цели дрвореди а од друга страна во конкретниот случај да реагираат кога Градот Скопје сече физиолошки застарени тополи кои што во изминативе години во неколку пати бидејќи се наоѓаат на самиот Кеј на Вардар им паѓаа големи гранки и според тоа Паркови и Зеленило донесе одлука за сечење на овие тополи. Зборуваме за тополи кои се стари и претставуваат опасност. Во Градот Скопје веќе се почнати активности за средување на зеленилото во тој дел. Тоа се околу 1000 квадрати кои треба да се средат и потоа ќе засадиме нови дрвја“, рече Трајановски.
Реакцијата на градоначлникот следи откако партијата на Жерновски го обвини Трајановски дека го уништува градското зеленило, сечејќи ги тополите на кејот на Вардар.
Интересно е што и самиот Жерновски бара сечење на голем број дрвја, а неодамна, стоеше на чело на протестите на т.н. Паркобрани, кои протестираа за исечени 5 дрвја во центарот на Скопје, на локалција на која имаше одобрение за градба.„Имено и сега, општина Центар, каде што градоначалник е господинот Жeрновски од ЛДП има 10 барања за преку 100 дрвја кои што треба да се сред

Пронајдете не на следниве мрежи: