Трајчевска: Младите беа приоритет на владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ

Советникот во Советот на општина Битола, Елена Трајчева на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека владата која ја предводеше таа партија вложуваше многу енергија, средства и време во проекти кои беа посветени на младите.– Тоа самото по себе зборува колкав приоритет беа младите. Можеби звучи себично, но сигурно можеме да се пофалиме со десетина – 20 проекти за млади, кои се наши, а не се преземени од други земји, но и една плејада на други проекти кои што се преземени од другите земји кои се усогласени на нашето поднебје и кои даваат резултати, посочи Трајчевска.
Таа за пример се даде себеси, која на само 22-23 години е носител на функција, што според неа само докажува дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложуваше во младите и тие беа нејзин приоритет.
– ВМРО-ДПМНЕ вложува во младите внатре во партијата, а тоа значи дека младите на ниво на РМ се од огромно значење и огромен приоритет за владата од ВМРО-ДПМНЕ. Но, тоа е еден начин кој партијата го воведе како практика, а пак, не е практика во другите земји во регионот, појаснува Трајчевска.– Тоа самото по себе зборува колкав приоритет беа младите. Можеби звучи себично, но сигурно можеме да се пофалиме со десетина – 20 прое

Пронајдете не на следниве мрежи: