Трамп му ја честитал победата на Ердоган на референдумот

Американскиот претседател Доналд Трамп му ја честиташе победата на референдумот на својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, соопштија извори од кабинетот на шефот на турската држава.Претходно, Белата куќа соопшти дека ќе почека со коментирање на референдумот во Турција, со кој му се прошируваат овластувањата на претседателот.
– Меѓународна комисија го разгледува гласањето и ќе објави извештај за 10 до 12 дена. Ќе почекаме и ќе ги оставиме да си ја завршат работата, истакна портпаролот на белата куќа, Шон Спајсер.Претходно, Белата куќа соопшти дека ќе почека со коментирање на референдумот во Турција, со кој му се прошируваат овластувањата на претседателот.

Пронајдете не на следниве мрежи: