петок, 13 ноември 2026
Најново

Трамп повторно со закани кон Германија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги зголемува тензиите со својот главен европски партнер откако вчера во Брисел се заканил дека ќе го блокира извозот на германски автомобили во САД, пишуваат германските медиуми.Весникот „Шпигел“ цитира неименувани дипломатски извори кои тврдат дека вчера на средбата со европските лидери Трамп остро ја нападнал Германија, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
– Германците се лоши, многу лоши. Видете ги милионите автомобили кои што ги продаваат во САД. Тоа е ужасно, според германските магазин изјавил Трамп во врска со трговскиот суфицит на Германија.
Трамп изјавата ја дал откако претседателот на Европската Унија Жан Клод Јункер и шефот на Европскиот совет Доналд Туск искажале силна поддршка за Германија во однос на ова прашање.
По преземањето на функцијата претседател на САД Трамп најави дека ќе воведе 35 отсто царина за сите автомобили што Германија ќе ги извезува во Америка, дури и за тие произведени во Мексико, држава со која Вашингтон има договор за слободна трговија.
Германија е третиот најголем извозник на стоки во светот со вкупен трговски суфицит од 282 милијарди евра за 2016 година.Весникот „Шпигел“ цитира неименувани дипломатски извори кои тврдат дека вчера на средбата со европските лидери Трамп остро ја нападнал

Поврзани вести