Трамп: Со Меркел имав „неверојатна хемија“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од сите светски лидери „најдобра хемија“ почувствувал со германската канцеларка Ангела Меркел, што, како што рече, не го очекувал.– Една од најдобрите хемии ја имав со Меркел…и мислам дека некој извика, „ракувај се со неа, ракувај се со неа“. Но тоа не го слушнав. Јас со неа веќе се ракував четири пати, бидејќи заедно бевме долго време, изјави Трамп во интервју за АП, кое го пренесува Танјуг.
На прашањето дали очекувал дека ќе има „добра хемија“ со Меркел, тој истакна дека не очекувал поради разликите во ставовите за прашањето за уплата на средства во НАТО, како и по прашањето за мигрцијата.
– Имавме неверојатна хемија. И луѓето ми оддадоа признание за одличната хемија со сите лидери, вклучувајќи го и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, рече Трамп.
Американскиот претседател се сретна со германската канцеларка кон средината на март во Вашингтон, а медиумите тогаш пренесуваа дека тој одбил да и пружи рака на канцеларката пред новинарите.– Една од најдобрите хемии ја имав со Меркел…и мислам дека некој извика, „ракувај се со неа, ракувај се со неа“. Но тоа не

Пронајдете не на следниве мрежи: