Три македонски стартапи обезбедија влез во Инвестмент Реди Програмата

Нови три македонски стартапи обезбедија влез во Инвестмент Реди Програмата од Виена, преку настанот што неодамна беше организиран во Јавна соба.Ова, како што соопштија организаторите, е втор настан преку кој социјалните стартапи добиваат можност да влезат во програмата и преку менторство во Виена да ги подобрат своите капацитети кои ќе ги направат попримамливи за странски инвестиции кои се веќе обезбедени и ќе се случат на крај од целиот процес, односно 2018 година.
Во програмата официјално влегуваат https://organikanova.com/ (Органско ѓубриво од калифорниски црви), https://seedoflife.com.mk/ (Производство на сирова храна) и https://www.dibiaggiony.com/ (Сензор кој ќе мери важни параметри кај спортистите) чии претставници официјално влегуваат во самата програма.
За септември е најавен и трет настан на кој ќе се одберат најдобрите стартапи за влез во програмата.
Целата програма е финансирана од австриската Агенција за развој, процесот на градење на бизнисите се одвива во Impact Hab Viena, а имплементацијата во Македонија е преку Social Impact Lab од Скопје.
Целта на Social Impact Lab е што повеќе да се охрабрат домашните иноватори да размислуваат во насока на социјално претприемништво и главниот фокус е влијанието кое се врши врз дејностите на самиот стартап.Ова, како што соопштија организаторите, е втор настан преку кој социјалните стартапи добиваат можност да влезат во програмата и преку менторство во

Пронајдете не на следниве мрежи: