ТРИ отвора нова кафе-книжарница во градот!

Издавачкиот центар ТРИ, на 3 март, четврток, во 19 часот, ќе ја отвори својата нова кафе-книжарница во Скопје, на улицата Аминта Трети (Ленинова) во Дебар маало.Овој нов центар на културната мапа на градот ќе биде свечено отворен од академик Митко Маџунков, еден од највлијателните македонски современи книжевници и ексклузивен автор на ТРИ.
Со својот нов простор ТРИ ја продолжува приказната што ја започна пред 11 години, кога ја отвори првата кафе-книжарница во срцето на градот, во Градскиот трговски центар, која стана омилено сврталиште на македонските читатели. Во новата книжарница ќе бидат презентирани најдобрите наслови од домашната и светската литература, како и монографски изданија од областа на ликовната уметност, архитектурата и модата на светски познатиот издавач Taschen, чиј ексклузивен дистрибутер за Македонија е ТРИ.
Како што најавуваат во ТРИ, тука ќе се одржуваат и промоции и средби со автори од домашната и светската сцена, разговори и креативни дружби. И сето тоа зачинето со вкусно топло кафе!Овој нов центар на културната мапа на градот ќе биде свечено отворен од академик Митко Маџунков, еден од највлијателните македонски современи книже

Пронајдете не на следниве мрежи: