Три сигурни начини на кои ќе дознаеш дали навистина те сака!

Не постои девојка која барем еднаш не се запрашала : “Дали навистина мојот дечко ме сака?”Да бидеме искрени, не само еднаш сме се запрашале дали тој нас не љуби, туку постојано тоа го правиме.Но, треба да се ослободиме од сомнежите, бидејќи колку се тие помали, толку вашата поврзаност и вљубеност ќе бидат поголеми, затоа настојувајте да се ослободите од нив.Најлошо е кога тие сомнежи кај вас тлеат подолго време, бидејќи започнуваат да ви ја нагризуваат душата, па со текот на времето донесуваат до љубоморни сцени и голем број расправии.За да не се доведувате себе во таква состојба на лудило, обидете се веднаш да одгатнете на што сте.

1. САКА ДА ЗНАЕ КАКО ТИ ПОМИНАЛ ДЕНОТИскрено го интересира како си, како ти поминал денот, што си работела, внимателно ја слуша твојата приказна во врска со работата, факултетот или времето поминато дома со детето.Ако те сака, ќе покаже интересирање за тебе и она што го работиш.Доколку пак не му е гајле што правиш додека не си со него, тоа значи дека со тебе му е добро само додека имате некои заеднички активности – повеќе дека се забавува и си го пополнува своето време.Но, исто така значи дека, штом ќе му здосадиш или кога ќе запознае некоја друга поинтересна, многу лесно може да се случи да го подигне сидрото и да заплови во други води.
2. ВЛЕТУВА КОГА ТИ Е ПОТРЕБНА ПОМОШНе ти ја исплатиле платата, на мајка ти треба да и се набави нешто од техника или треба да те одведе рано на лекар – тој влетува и ги решава сите проблеми.Ако покрај се дури и детално ја слуша разработената приказна околу караницата со твојата другарка – тогаш сигурно е дека му значиш.3. ПОРАДИ ТЕБЕ ПРАВИ РАБОТИ КОИ ИНАКУ НЕ ГИ САКАОди во кино да ја гледа романтичната комедија само поради тоа што ти си го замолила, а инаку повеќе би сакал да гледа некој трилер или хорор од кој на тебе ти се ежи кожата.Ги запознава твоите родители само поради тоа што ти си го замолила, инаку повеќе би сакал да побегне со километри подалеку од нив.Ти го купува твоето омилено чоколадо со лешници, иако самиот не ги поднесува лешниците.
За роденден ти купува голем црвен балон што лета во форма на срце, иако нему му е тоа толку глупо и детинесто, но знае дека ќе те развесели.Епа, поради таквите ситници можеш да бидеш сигурна дека те љуби.Ако имаш таков дечко, ти си навистина среќна, но не земај го сето тоа здраво за готово.Се ќе падне во вода оној момент кога ќе се опуштиш и кога ќе започнеш да го искористуваш, па се помалку да му се даваш себе си на него.Би била вистинска штета да уништите нешто толку убаво, само поради тоа што сте станале премногу сигурни и поради тоа сте престанале вие да се трудите околу него.Да бидеме искрени, не само еднаш сме се запрашале дали тој нас не љуби, туку постојано тоа го правиме.Но, треба да се ослободиме од сомнежите

Пронајдете не на следниве мрежи: