Три жртви и 12 ранети во експлозија на пазар во Италија

Бројот на жртвите во експлозијата на гас што се случи во саботата наутро на пазар во градот Гуастала во северна Италија, изнесува три, а ранети се уште 12 лица со разни степени на повреди, јавуваат локалните медиуми повикувајќи се на локалната полиција. Според информациите добиени од местото на настанот, инцидентот се случил како резултат на експлозија на гасен цилиндар, кој бил во мобилен киоск за брза храна. Телата на трите жени кои во тој момент се наоѓале во фургонот се пронајдени јагленосани. Најмладата од нив имала 28 години, а другите две биле на околу 50-годишна возраст. Станува збор за жени од едно семејство, мајка, ќерка и снаа. Повредените биле пренесен во болница во гратчето Гуастала, а три лица со многу сериозно повреди со хеликоптер се пренесени на лекување во Парма. На местото на настанот излегоа пожарникарски екипи, припадници на карабинерите обвинителството кои ги истражуваат причините за несреќата.
МакфаксБројот на жртвите во експлозијата на гас што се случи во саботата наутро на пазар во градот Гуастала во северна Италиј

Пронајдете не на следниве мрежи: