петок, 27 ноември 2026
Најново

Тридневно славење на прозата во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Го нарекуваат „најдобриот трговец со приказни” оти нема човек што не запаметил барем една реченица од неговите книги. Тој е еден од најпреведуваните и најпопуларни бугарски автори. Со Георги Господинов како лауреат на наградата „Прозарт“ и уште петмина големи балкански писатели, четворица германски издавачи, еден литературен агент и основачот на една од најреномираните американски издавачки куќи, Џон О`Брајан, вечерва во 19 часот во Даут-пашиниот амам ќе биде означен почетокот на тридневното славење на прозата.Токму со книжевниот портрет на Господинов официјално ќе почне 4-тото издание на Меѓународниот литературен фестивал „Про-за Балкан“, што го организира издавачката куќа „Икона“ од Скопје.
– Со својот особен раскажувачки глас, автентичен стил на раскажување и необично откачена духовитост, се наметна како исклучително име на новата бугарска литература – ќе каже за годинашниот лауреат уметничкиот директор на фестивалот, Александар Прокопиев.
Во Даут-пашиниот амам вечерва ќе бидат претставени и другите автори од годинашната програма, а за нивните дела ќе зборуваат Прокопиев, Ермис Лафазановски и Елизабета Шелева. Модератор ќе биде Ана Јовковска. Освен Господинов, кој е добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, ќе биде претставена и една од најпопуларните турски писателки – Асли Перкер чии два романа „Рецепт за осамени срца“ и „Гробот на џелатот“ кај нас ги издаде „Бата прес“.
Гости на фестивалот се и словенечкиот писател Андреј Блатник и српските писатели Марко Видојковиќ и Звонко Карановиќ.
В понеделник (30 мај) од 19 до 20 часот во книжарницата „Икона“ во „Скопје сити мол“ гостите-писатели ќе се сретнат со своите читатели и ќе им потпишуваат книги.
Фестивалот ќе биде затворен во вторник во Даут-пашиниот амам, во 19.30 часот, со врачувањето на наградата „Прозарт“ на Господинов. Секој од гостите-писатели на својот мајчин јазик ќе прочита извадок од свои дела.
Во рамките на „Скопје fellowship“, четворица издавачи и еден литературен агент од Германија, како и основачот на великанот и најважниот издавач од САД со фокус на преводна литература од Европа и Балканот „Далки аркајв прес“, Џон О`Брајан, ќе имаат средби со издавачи и писатели од Македонија, со што ќе се развие можноста овие престижни издавачи да објават дела од наши автори.
Гости на фестивалот се издавачите: Флориан Грундај од „Валштајн“, Рајнер Хелчл од „Опен хаус“, Јерг Сандермајер од „Вербрехер“ и Севастос Самбсунис од „Гресенван“, како и литературниот агент Кристине Лиштау од литературната агенција „Антас Биндерман Лиштау“.
– Заедничко за сите е што дел од нивната продукција е и литература во превод, со дел од фокусот на Балканот. Нивната посета е особено важна бидејќи во нивното портфолио се автори од Балканот, но, за жал, досега не и автори од Македонија. Се надеваме дека од тоа ќе произлезат нови преводи, гостувања на писатели од Македонија во странство, промоција на македонската, но и балканската литература надвор од границите и вмрежување на писателите и луѓето од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа – вели директорот на фестивалот, Дејан Трајкоски.
Германските претставници и сите гости на фестивалот в понеделник од 11 часот во ЕУ- Инфоцентарот ќе разговараат на тема „Независни издавачи од Германија и превод на литература од Балканот: мапирање на реалноста“. Дискусијата ќе ја води Елизабета Шелева.Токму со книжевниот портрет на Господинов официјално ќе почне 4-тото издание на Меѓународниот литературен фестивал „Про-за Балкан“, што

Поврзани вести