Трогателни стихови на Вељко Ражнатовиќ: Многу прашања а одговори никаде…

Синот на Аркан, Вељко Ражнатовиќ објавил песна посветена на својот татко на својот Фејсбук профил  во чест на вчерашниот помен, 14 години од неговата смрт.Младото момче напишало неколку стихови во кои ја опишува големата тага и болка растејќи без својот татко и истите ги споделил со своите пријатели на Фејсбук.
Во еден стих од песната тој и се обраќа на Маша, неговата вереница кажувајчи и дека неговото срце чука само за неа, и дека жали што неговиот татко не е тука во ивие најсреќни и најубави моменти за него.
Еве ги неговите стихови…

„Голема одговорност имам од првиот ден, каде си и што правиш, дали ноќе спиеш сама? Дали си црна дама или ангел без крилја? Дали кога си сама, дали само моја би била?
Зошто кога те гледам не гледам топлина? Зошто срцето мое го претвораш во прашина?
Прашања има многу, а одговори никаде, би го претрчал половина свет само за да те стигнам.
Бараш алкохол да пиеш? Не сакам ни да чујам, главна причина е тоа што твоето име го колнам, пцујам па плукам, па после ми е жал, насмевката кога ќе се врати, животот за тебе би го дал, туѓи срца крадев своето на друга нема да го дадам, сум сакал пред тебе, но веќе никогаш, сфати.
 Му ветувам и на тато, веројатно и тој исто ме гледа, како е кај тебе, што има ново горе на небото? Какви ли се ангелите, каква боја се?
Сјаат ли ѕвездите што го спојуваат ноќното небо? Не знам ништо тато, не знам кој е малиот Вељко. Не знам зошто мене овие луѓе толку ме сакаат.
Некои се плашат од тебе Тато, стравопочит, што е љубов Тато, чудна е сега мојата состојба, те молам научи ме, јас не пронаоѓам решение, улица за уличари, но јас не се снаоѓам, се' досега пробав и за тоа не се гордеам, сега знам тато дека улицата упропастува се', курвите гледаат корист од младо лудо срце, но ова срце Маша, само за тебе куца, сега на половина пукам вечерва јас сум бетон, не се јавувам на никој, немам контакт со светот.
 Го фурам фазонот на клошар, бидејќи така ми се допаѓа, ми се врти во глава од овој лош пијалак, од љубовта во срцето еуфорија ме фаќа, често се прашувам дали некој ме сфаќа?
Каде е сега мојот татко, зошто сега не е со мене? Да каже, сине грешиш, чекај застани малку, да каже дека ме сака и да ми биде вистински пат, ништо не си крив, но јас секогаш сум ти лут, по којзнае кој пат пишувам во тишина и искрено се надевам дека внимаваш на мене од висина, ако не е така и светот не е целиот лош, нема никогаш да се откажам, млад сум, уште ќе се борам… – feeling sad“.
 Младото момче напишало неколку стихови во кои ја опишува големата тага и болка растејќи без својот татко и истите ги споделил со своите пријатели н

Пронајдете не на следниве мрежи: