среда, 18 ноември 2026
Најново

Тројца полицајци се повредени при приведување на лице во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тројца припадници на единицата „Алфа“ попладнево се повредени во сообраќајна несреќа која се случила при обид да приведат лице кое се бара за издржување затворска казна.Како што информираат од МВР, околу 16 часот попладнево од страна на припадници на единицата Алфи на улица „Ферид Бајрам“ во Скопје било забележано лице кое се барало за издржување затворска казна во траење од четири години во патничко моторно возило мерцедес со скопски регистарски ознаки.
Оттаму појаснуваат дека од страна на полициските службеници му била издадена наредба да го запре возилото, но тој се оглушил на наредбата и со голема брзина се упатил кон скопската населба Железара.
Од страна на алфите започната е потера по него и на ул. „Перо Наков“ лицето по кое се трагало со мерцедесот удрило во патничко моторно возило „поло“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Министерството за внатрешни работи. Од сообраќајната незгода тргојца полициски службеници од Алфите се здобиле со повреди и пренесени се во Ургентниот центар.Како што информираат од МВР, околу 16 часот попладнево од страна на припадници на единицата Алфи на улица „Ферид Бајрам“ во Скопје било

Поврзани вести