Трудната Ким Кардашијан сака уште три луксузни куќи

Ким Кардашијан сака во сите градови кај што престојува да има свој дом. Затоа го наговорила Кани Вест да купи куќи и во Њујорк, Мајами и Париз

Ким Кардашијан (32) неодамна се всели во вила вредна 11 милиони долари. Покрај тоа старлетата сака во сите градови каде што често престојува да има свој дом. Поради тоа нејзиниот дечко Кани Вест (35) го наговорила да и купи куќи во Њујорк, Мајами и Париз.
„Нема да штеди пари, бидејќи сака таа да биде задоволна. Прифати без никакво размислување“ велат сестрите на Ким
Парот на почетокот на годинава купија вила во елитна населба во Лос Анџелес. Луксузната вила е изградена во медитерански стил, има две трепезарии, библиотека теретана, кино, фризерски салон и козметички салон, куглана, кошарски терен, како и отворен и затворен базен. Во луксузната вила од 1000 квадратни може да се види мешавина од антички и модерни парчиња мебел, а реновирањето ќе биде во италијански стил.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Ким Кардашијан сака во сите градови кај што престојува да има свој дом. Затоа го наговорила Кани Вест да купи куќи и во Њујорк, Мајами и Париз

Пронајдете не на следниве мрежи: