Турбуленција во фамилијата Кардашијан!

Мајката на популарните Кардашијан, Крис Џенер, изјави дека таа и нејзниот сопруг се премногу среќни кога се раздвоени. Дали е баш така?Мајката на популарните Кардашијан, Крис Џенер, изјави дека таа и нејзниот сопруг се премногу среќни кога се раздвоени. „Секогаш ќе ја имаме неизмерната љубов и почитувањето еден кон друг. Иако сме разведени и понатаму ќе останеме пријатели, и понатаму фамилијата ни е на прво место и тоа нема да се смени.“ – изјави таа. Според медиумските изјави парот и претходната година бил на самиот праг пред разведување, но и дале шанса повторно на нивната љубов додека оваа година не се случило истото. Инаку во медиумите, Брус Џенер е претставуван како „папучар“, секогаш покрај својата славна и успешна жена, без право на свој збор. Меѓутоа не се покажало дека е баш така. Џенер во седумдесетите бил олимписки спортист, па така во 1976 година освоил златен медал а со тоа и постигнал светски рекорд. Но во првите изданија од фамилијарното шоу, можеше да се протолкува како човек кој стои секогаш на страна. Во мај претходната година, тој изјавил како не знаел за продолжувањето на уште три сезони , а дека таа вест ја дознал преку телевизија.

 
Тој повеќе пати се жалел како неговата жена го малтретирала психички, а во едно интервју откри како викала на него, бидејќи потрошил 300 долари. Правата причина најверојатно ќе остане тајна за сега, постојат многу изјави како во нивниот дом владее општи хаос, финансиска криза. Во јуни е откриено како Брус изнајмил вила во Малибу за 14.500 долари месечно, каде привремено ги поминува ноќите. Имало и озборувања како Крис го изневерила, а флертувањата и оделе од рака. Мајката на популарните Кардашијан, Крис Џенер, изјави дека таа и нејзниот сопруг се премногу среќни кога се раздвоени.

Пронајдете не на следниве мрежи: