ТУРБУЛЕНТНА ВРСКА: Била невина, а подоцна се омажила за милијардер по првиот секс!

Елон Муск е еден од најуспешните и најбогатите луѓе на светот, но за овој 44-годишен милијардер одржувањето на бракот се покажа потешко од развивањето на Тесла автомобилите, дизајнирањето ракети кои доставуваат намирници на вселенските станици, или продажбата на Пеј Пел.Многумина го нарекуваат Томас Едисон на нашето време, а моментално е во брак со својата втора сопруга Талула Рилеј од која веќе еднаш се има разведено, а еднаш ги има искинато и документите за развод.
Талула и Елон се запознале во ноќен клуб во источен Лондон во 2008 година, недолго по неговиот развод од првата сопруга Џустин Вилсон со која за шест години брак добил пет деца. Откако менаџерот на клубот ги запознал, Муск бил маѓепсан од актерката која дошла со пријателката, облечена во тесен долг фустан што ја истакнал нејзината неверојатна фигура.
„Изгледаше сјајно, а јас мислев дека е манекенка. Знаете, не можам да разговарам со поголемиот дел од манекенките“ – рекол Муск.
Но, нејзе навистина ја интересирале ракети и електрични автомобили. Наредниот ден отишле на ручек, а Муск на 22-годишната Талула, која сѐ уште била девица, ѝ рекол дека сака да ѝ ја покаже својата ракета.

„Бев скептична, но навистина ми покажа снимки од ракети“ – раскажала таа подоцна.
Повторно се сретнале по неколку дена и завршиле во кревет, а тој ја прашал дали сака да се омажи за него. Немал прстен, па ѝ предложил да се ракуваат. Таа се согласила. Подоцна ѝ дал дури три свршенички прстени и ѝ рекол дека со тоа што одлучила да биде со него го одбрала потешкиот пат.
„Тогаш не го разбирав тоа, но денес е сосема поинаку. Навистина е тешко, вистинско лудо возење“ – рекла таа.
Мислела дека ќе живее живот од соништата, но се испоставило дека тој сѐ уште не се развел од поранешната сопруга, немал баш многу пари, а на неговите големи проекти, Тесла и Спејс Икс, им требале големи инвестиции. Поради тоа имал кошмари, врескал среде ноќ и скокал по неа.
Во наредните неколку месеци, Муск позајмувал милиони за да ги одржи своите проекти, се повлекол во себе и бил многу сериозен. Откако Тесла и Спејс Икс ги поставил на нозе, неговиот брак се распаднал. Се смириле по година дена, а Талула рекла дека „немала други опции“.
„Погледнав околу себе и не најдов никој друг со кого би можела да бидам. Освен тоа, Елон не мора да слуша никого, а докажа дека може да ги трпи моите ср*ња“ – рекла таа.
Осум години претходно, тој се вљубил во канадската писателка Џустин Вилсон. Уште на венчавката ѝ го покажал вистинското лице. Ја доближил до себе и рекол: „Јас сум алфа во оваа врска“.
Два месеци подоцна, таа потпишала договор за поделба на богатството во случај на развод, поради што подоцна жестоко се борела за својот дел. Таа раскажала дека Муск редовно ги истакнувал нејзините маани, како да е негова работничка, а не сопруга.
„Би те отпуштил да беше моја работничка“ – ѝ возвратил еднаш.Многумина го нарекуваат Томас Едисон на нашето време, а моментално е во брак со својата втора сопруга Талула Рилеј од која веќе еднаш се има развед

Пронајдете не на следниве мрежи: