ТУРНОВО ЈА ПИШУВА ИСТОРИЈАТА!!! ОДИ НА МЕГДАН СО ХРВАТСКИ ХАЈДУК!!!

Македонската спортска јавност со воодушевување го проследи огромниот клубски успех на Турновци кои го елиминираа литванскиот тим Судува.
Македонскиот претставник во Лига Европа во наредната рунда ќе биде на мегдан со хрватски Хајдук, тим кој што има богата фудбалска историја зад себе низ многу успеси, но тим кој што не може да се каже дека е премногу надмоќен над Турново, па тука македонскиот претставник ќе има уште една шанса за огромно докажување.
Први поведоа гостите преку Валскис во 43-тата минута од мечот, за 1-1 израмни Митров уште на самиот старт на второто полувреме во 47-мата минута.
Понатаму повторно шок за Турновци, гостите преку Раџиневисиус поведуваат повторно, овој пат со 1-2 во 52-рата минута од мечот.
Но, драмата продолжи и во понатамошниот дел од мечот. Можеби одлучувачки беше црвениот картон за Раџиневисиус, стрелецот на вториот гол кој поцрвене во 59-тата минута, само 7 минути откако го постигна вториот гол за својот тим.
Кога сите очекуваа крај на мечот, откако завршија судиските 4 минути продолжение на мечот, Турново при една нафрлена топка во шеснаесетникот на Судува доби неверојатна прилика за историски успех, пенал за нашиот претставник во 95-тата минута, а честа да го изведе ја имаше Дејан Блажевски кој брилијираше на овој меч, популарниот „Шиле“ постигна израмнувачки пенал и се отиде во продолжение.
Откако и по двете продолженија не се постигна гол се отиде на пенали. Голманот Димовски беше апсолутен херој откако одбрани одлучувачки пенал па Стоилов го имаше шутот за историската победа, постигна погодок и го однесе Турново во наредната рунда.
На останатите натпревари, Карабах по втор пат го доби мечот со Металург, овој пат на домашен терен со идентичен резултат од 1-0. Георге стрелаше за 1-0 во 85-тата минута од мечот.
И додека за Турново беа среќни последните моменти од мечот, за останатите два наши претставника во ова натпреварување, тие беа кобни.
И Тетекс исто така во самиот крај прими гол, поточно во 90-тата минута и беше елиминиран од ерменски Пјуник, стрелец на погодокот беше Ајвазијан.Македонската спортска јавност со воодушевување го проследи огромниот клубски успех на Турновци кои го елиминираа литва

Пронајдете не на следниве мрежи: