четврток, 12 ноември 2026
Најново

Тутунарите задоволни, му порачаа на Груевски: Ние имаме доверба во вас

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тутунарите кои денеска го предаваа тутунот во Прилепскиот монопол изразија задоволство од откупната цена постигната за оваа година и од субвенциите од 60 денари обезбедени од Владата. Просечната цена за откуп на тутунот во земјава во моментов изнесува 188,5 денари, но на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дел од тутунарите рекоа дека постигнале цена од 196 денари и оти очекуваат таа да достигне и над 200 денари.-Просечна цена 195-200 денари плус 60 денари од Владата, ќе биде околу 280 денари и сме преблагодарни, вели еден од тутунарите.
-Одлично е годинава и лани беше добро, годинава е прекрасно и Комбинатот ја крена цената за 3-4 денари на класа, се гледа да му се помогне на народот. Ние сме презадоволни. Имаме доверба во вас. Ги гледаме резултатите, каде бевме пред десет години, а каде сме сега, сега сме два пати појаки од пред десет години, вели тутунар.
-Едно евро тутун воведовме во 2009-та година. Во 2007-ма беше 30 денари, па 45 во 2008-мата и 60 денари во 2009 година и така ќе остане. Исплата навреме и законот се донесе за да се следи процедурата дали е добра за откупот, како и за цената по класи дали е прецизно направена, истакна Груевски во разговорите со тутунарите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се интересираше освен за цената и за тоа дали тие се задоволни од Законот за тутун со којшто се подобруваат условите и се гарантира цената на овој производ. Тој истакна дека во изминатите пет години се исплатени 52 милиони евра субвенции за тутунарите во Прилеп, Кривогаштани и Долнени.
– Оваа година во откупот на тутунот се вклучени шест компании и две дополнително. За оваа и за следната година се обезбедени средства за субвенции за тутунот, а тоа е предвидено и во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и за следните четири години, рече Груевски.
Како што се оценува, годинашната реколта тутун е со исклучително добар квалитет и се очекува таа да резултира со откупени 18.000 до 19.000 тони тутун.
-Просечна цена 195-200 денари плус 60 денари од Владата, ќе биде околу 280 денари и сме преблагодарни, вели еден од тутунарите.
-Одлично е

Поврзани вести