ТВ Нова: Оценките на ад-хок телото се неосновани

Уредничкиот колегиум на „Трговско друштво Телевизија Нова ДООЕЛ Скопје“, најостро реагира на забелешките за нејзиното известување изнесени од страна на ад-хок телото за медиуми и за истите смета дека се намерно инструирани квалификации и имаат за цел да го нарушат угледот на ТВ Нова и целиот тим кој стои зад оваа телевизија.Во продолжение го пренесуваме целото соопштение:
Недозволиво е од едно тело коешто е формирано да врши функција на коректор на медиумскиот сектор во јавноста да лиферува фабрикувани тези кои произлегуваат од извештаи кои се потпираат врз паушални податоци.
За разлика од другите телевизии во Македонија коишто имаат претежно забавен колажен формат и вестите ги емитуваат во два до три блокови од по триесетина минути предвидени за информативна програма, Телевизија Нова како единствен информативен канал во Македонија секојдневно емитува 16-часовна информативна програма во живо. Оттука, со цел да понуди разноликост и динамика на својата програма, новинарските тимови на ТВ Нова секој час анализираат различни теми од Македонија, регионот и светот кои се актуелни во моментот.
Од тие причини извештај кој носи заклучоци врз база на неколкудневна анализа само на вестите од 19 часот, кој како и останатите блокови во најголем дел биле посветени на одредена тема, а во истиот не се третирале сите теми кои ги обработувала телевизијата, го сметаме за крајно претенциозен и невистинит.
Прифатлива анализа би била онаа која што го анализира известувањето на ТВ Нова во текот на целиот ден, но очигледно членовите на ад-хок телото немаат доволно време да го работат она за што се скапо платени од страна на граѓаните, па наместо да си ја работат својата работа онака како што треба посегнале кон фабрикување на податоци за потребите на одредени интересни групи од чиј интерес е нарушувањето на нашиот углед.
Исто така, шокирани сме од фактот што наместо да го поздрави пионерскиот чекор на ТВ Нова за реализирање на предизборни дуели на претставници од најголемите македонски политички партии, со цел соочување на нивните програми, ад-хок телото неосновано го критикува начинот на кој што бил реализиран дуелот, заборавајќи на основното новинарско правило дека новинарот-водител во рамките на вкусот и професионалноста има право да ги провоцира своите гости со цел да го извлече максимумот од нив, а гледачите полесно да извлечат заклучок.
Ваквите чекори од страна на ад-хок телото за медиуми, колегиумот на ТВ Нова единствено може да ги разбере како директен атак врз нашиот медиум, кој има за цел да го наруши неговиот кредибилитет. Но, главниот збор го немаат ниту партиските кујни, ниту некакви ад-хок комисии, главниот збор го имаат гледачите, чија доверба ТВ Нова успеа да ја освои за само седум месеци од формирањето, за што најдобро покажува постојаниот пораст на нејзината гледаност.
Тоа е така затоа што настрана од македонската дневно-политичка сага, ТВ Нова се покажа како вистински информативен сервис за граѓаните во моменти кога беше најпотребно да се емитуваат вести – за време на силното невреме и земјотресите кои го погодија Скопје, неуспешниот пуч во Турција, како и многу други случувања за кои ТВ Нова беше единствениот извор на информација на македонски јазик во земјава. Тоа најмногу зборува за нашиот кредибилитет како медиум и ТВ Нова ќе продолжи да се гради врз професионални стандарди освојувајќи ја довербата на гледачите, а доколку нашиот успех некому му пречи, тогаш најмалку очекуваме за пресметки со нас да го користи скапо платеното Ад-хок тело за медиуми.
Уреднички колегиум на ТВ НОВАВо продолжение го пренесуваме целото соопштение:
Недозволиво е од едно тело коешто е формирано да врши функција на коректор на медиумскиот

Пронајдете не на следниве мрежи: