Твитер наполни седум години

 Седум години поминаа откако основачот на Твитер, Џек Дорси на 21 март 2006 година од Сан Франциско ја испрати првата порака преку оваа социјална мрежа за микроблогирање.Денес Твитер има 500 милиони корисници низ целиот свет.„Не е претерано да се каже дека за седум години Твитер го промени начинот на којшто светот комуницира. Тој ни ја дава целокупната моќ гласот да ни се чуе и да се поврземе лесно и за миг со други луѓе, коишто се интересираат за истите работи како нас, независно дали станува збор за политика или спорт, за Џастин Бибер или за серијалот Downton Abbey. Твитер го прави светот помал“, изјави писателката и новинар Кејт Бусман, автор на книгата „Година на Твитер: 265 дена во 140 карактери“.„Твитер го промени балансот на силите во општеството. Компаниите беа принудени да ја променат маркетинг-стратегијата, со тоа што сега купувачите веруваат повеќе во коментарите на другите купувачи, отколку на светлите билборди и тв-реклами. Политиката се промени засекогаш, затоа што потиснатите малцинства најдоа начин гласот да им биде чуен и соборија неправди управи. Новинарството навлезе во нова ера, а вестите се појавуваат за миг, објавуваме сопствени видеа и размислувања, со што создаваме вести, а не само да ги користиме“, вели британскиот писател Вики Бичинг.Твитер овозможува да се објавуваат пораки долги до 140 карактери, иако дури 40% од корисните не праќаат твитови, туку само ја користат мрежата за следење на други корисници.  
Макфакс Седум години поминаа откако основачот на Твитер, Џек Дорси на 21 март 2006 година од Сан Франциско ја испр

Пронајдете не на следниве мрежи: