Уапсена жена со 70 000 долари во својот стомак!

Официјални лица од Доминиканската Република изјавија дека уапсиле една жена која носела повеќе од 70 000 долари во стомакот и уште 69 000 долари, скриени во внатрешноста на нејзиниот куфер. Портпаролот на Националната агенција за контрола на дрога изјави дека парите во стомакот на жената биле поделени во 16 капсули и се верува дека се поврзани со трговијата со дрога.
Портпаролот Дарио Медрано дополни дека во петокот е уапсена 40-годишна жена на аеродромот во популарната туристичка област Пунта Кана, по пристигнувањето со летот од Брисел. Нејзиното име не беше објавено за јавноста.
Доминиканските власти велат дека ова е првпат да уапсат некој, кој шверцувал пари во својот стомак.Портпаролот на Националната агенција за контрола на дрога изјави дека парите во стомакот на жената биле поделени во 16 капсули и се верува дека се

Пронајдете не на следниве мрежи: