Уапсено момчето кое украло дел од автомобилот во кој загина Пол Вокер

Момчето кое украло дел од автомобилот „порше карера ГТ“, со кој загина актерот Пол Вокер, полицијата го уапси во Лос Анџелес.Откако веста за трагичната смрт на актерот Пол Вокер и неговиот пријател Роџер Родас минатата сабота ја потресе јавноста, се случи кражба на дел од автомобилот, во кој загинале.
Додека камионот, кој ги превезуваше остатоците од возилото од местото на несреќата, стоел на семафор, од еден автомобил истрчал совозачот и од камионот украл дел од покривот на поршето.
Возачот на камионот ги запомнил регистарските таблички на автомобилот, така што полицијата набргу го откила крадецот. Совозачот бил 18-годишниот Џемисон Вити, кој веднаш е уапсен, а со возилото управувал негов пријател, кој во моментов е надвор од државата. Тој со полицијата се договорил дека ќе се предаде ведаш, откако ќе се врати.
Вити е обвинет за кражба и неовластено допирање на доказен материјал, а одредена му е кауција во износ од 20 илјади долари.
Фотографијата со украдениот дел од покривот на поршето Вити ја објавил на својот Инстаграм профил.Откако веста за трагичната смрт на актерот Пол Вокер и неговиот пријател Роџер Родас минатата сабота ја потресе јавноста, се случи кражба на дел од

Пронајдете не на следниве мрежи: