Убиец и силувач 40 минути умирал во маки поради лоша смртоносна инекција

На Клејтон Локет (38), му беше вбризгана нова и нетестирана смртоносна инекција која се состои од три лека, седативи, анестетици и смртоносни дози на калиум-хлорид. После 10 минути паднал во несвест, но три-четири минути подоцна почнал да се грчи, тешко да дише и да си ја стега вилицата.Погубувањето на еден осуденик во затворот во Оклахома синоќа се изјалови поради нетестираната смртоносна инекција, бидејќи тој помина низ вистинска агонија во траење од 40 минути, за на крај да почине од срцев удар.
Мачниот крај на животот на Клејтон Локет (38) – осуден силувач и убиец, поттикна некои критичари да го карактеризираат неговото погубување како вистинско мачење.
Директорот на Службата за затворски казни во Оклахома, Роберт Патон, веднаш потоа наложи прекин на извршувањето на смртната казна, а како причина за прекинот ја наведе пукнатата вена на Локет.
Затвореникот почина од силен срцев удар, дури 40 минути откако му беше вбризгана првата инекција. Портаролот од затворот рече дека вбризганите лекови „не успеале да навлезат во неговиот систем“.
Роберт Патон веднаш наложи двонеделно одлагање на погубувањето на другиот затвореник – Чарлс Ворнер, кој требаше да биде погубен два часа по Локет.Погубувањето на еден осуденик во затворот во Оклахома синоќа се изјалови поради нетестираната смртоносна инекција, бидејќи тој помина низ вистинска

Пронајдете не на следниве мрежи: