Убиецот на францускиот полицаец е џихадист кој неодамна бил пуштен од затвор!

Напаѓачот, кој минатата ноќ убил 42-годишен полицаец во предградието на Париз, а потоа во неговиот дом како заложници ги држел неговиот син и сопругата, која исто така била пронајдена мртва, бил идентификуван како 25-годишниот Лароси Абала.Неименувани извори блиски на истрагата наведуваат дека Абала пред три години бил осуден на 3-годишна затворска казна поради “злосторничко здружување со цел изведување на терористички напади”, а му се судело заедно со уште 7 лица.
Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, денес изјавил дека убиството на полицаецот во предградието на Париз претставува кукавички терористички напад. И портпаролот на владата, Стефан ле Фол, исто така за RTL изјавил дека станува збор за терористички напад.
Казнев, по вонредниот состанок кој поради тоа злосторство го свикал претседателот Франсоа Оланд, рекол дека владата е целосно мобилизирана за борба против тероризмот и дека од почетокот на годината биле извршени околу 100 апсења.
Неименувани извори блиски на истрагата наведуваат дека Абала пред три години бил осуден на 3-годишна затворска казна поради “злосторничко здружувањ

Пронајдете не на следниве мрежи: