Пејачката Јелена Крсмановиќ е убиена пред 53 дена, а нејзиното тело најдено е на насип во Борча. Оттогаш, инспекторите деноноќно работат на овој случај. И покрај истрагата, се` уште не е утврдено кој и поради што ја усмртил Јелена со неколку удари нанесени со тап предмет.„Оружјето со кое е убиена Јелена не е најдено. Не се знае ниту дали на местото на кое е пронајдена Јелена е донесена или довлечкана, на што укажува најдената патика. Нема ни биолошки траги. Тие се веројатно уништени под одредени околности. Дали поради временските услови, или можеби злосторството е детално испланирано“ – наведува криминологот Радовановиќ.
Тој смета дека Јелена ја убил силен маж.
„Убиецот мора да има силна градба за да ја онесвести со првиот удар и да ја совлада. Тоа не можеше да го направи некој слаб“ – вели тој.
За мотивот за убиството не сака да шпекулира, иако напоменува дека праксата во повеќе случаи покажува дека злосторството го прави некој од семејството.
Тој не ја отфрлува можноста дека убиецот е еротоман, маж кој за казна убива жена која не му посветува доволно внимание.
„Убиецот не чувствува никаква вина поради стореното злодело, ниту смета дека нема направено нешто лошо“ – смета Радовановиќ.„Оружјето со кое е убиена Јелена не е најдено. Не се знае ниту дали на местото на кое е пронајдена Јелена е донесена или довлечкана, на што у



