Убиецот на Мартин Јанушев бил затвореник пуштен на викенд

Убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев одлежувал казна затвор, а за време на убиството бил пуштен на слободен викенд, дознава „Макфакс“ oд извори во истрагата. Се работи за 25 годишно машко лице, кое служело казна затвор во времетраење од шест години поради трговија со наркотични средства.Но, полицијата на Оливер Спасовски молчи веќе трет ден за сторителот на ладнокрвното убиство. Јанушев беше застрелан со неколку куршуми кога излегуваше од својот дом во скопски Аеродром.
Многу прашања останаа отворени, а молкот од страна на институциите дополнително ја зголемува грижата кај македонската јавност и го дуплира стравот кој се јави кај граѓаните.
Кој пуштил ваков криминалец на слободен викенд? Одговорност некој мора да понесе, па откако убиецот ќе заврши зад решетки, за ваква постапка треба да одговараат и други лица.
Дека криминалец способен да убие веднаш е пуштен на слобода, одговорност треба да се бара и кај Јовица Стојановиќ, кој по десетина години се врати како прв човек на управата за извршување на санкции при Министерството за правда, како и директорот на КПД Идризово, Керим Махмути. За молкот од МВР и за обидите да се заташка ова убиство, одговорност ќе треба да понесат повеќе лица.
Убиство среде Скопје, убиецот два дена слободно си шета
Му пришле пред влезот од неговата зграда, го застрелале и веднаш побегнале оставајќи го пиштолот зад себе. 4 до 5 куршуми завршиле во главата и во вратот на 28-годишното момче. Случајни минувачи притрчале да му помогнат и веднаш со автомобил го однеле во Градската хируршка болница, но било предоцна.
Дежурниот јавен обвинител издаде повеќе насоки и наредби за преземање на потребни дејствија, меѓу кои за  прибавување на податоци, обезбедување на траги од лице место и за обдукција на починатото лице. Соседите велат дека се се случило многу бргу – ги чуле истрелите и додека сфатиле што се случува се било веќе завршено. Неофицијално, убиството го извршиле двајца, а идентитетот на еден од нив и е познат на полицијата. Тие засега се во бегство.
Информации за сторителот веќе излегоа и по социјалните мрежи. Од МВР под раководство на Оливер Спасовски од СДСМ, ги кријат деталите. Според она за што веќе наголемо се зборува, како сторител на ладнокрвното убиство се посочува лице кое се поврзува со подземјето и со повеќе негови обиди да се превземе бизнисот со обезбедувањето.
-Се шпекулира дека целиот инцидент може да е поврзан и со новата агенција за обезбедување која се појави неодамна, а за која предупреди колумнистот Сашо Ордановски.  Молкот во МВР ги подгрева ваквите приказни – за завчерашното убиство, пак, очевидците кои беа и премногу исплашени да говорат пред камера велат дека ги потсетило на Белград во 90-тите, дека им се чини како во Скопје да почнуваат да се случуваат мафијашки пресметки на сред улица и пред кафулиња, објави синоќа Алфа телевизија.
Оправдан е стравот кој се јави кај скопјани. Главниот град се претвора во крвава арена. Изминативе месеци, во неколку наврати не беа санкционирани лица кои пукаат по улиците. Едни славеа изборна победа, други убиваа луѓе. МВР под палката на СДСМ и Оливер Спасовски нема никого ниту приведено ниту казнето.
Дали овој ладнокрвен убиец ќе добиеше амнестија со законот на СДСМ?
СДСМ во предизборието им вети на огромне број затвореници дека ќе добијат амнестија. Поради молкот на МВР во јавноста се погласно се зборува дека овој убиец е лице блиско до актуелната власт. Некој треба да одговори дали и овој убиец ќе добиеше амнестија со законот на СДСМ?
Владата на СДСМ го усвои предлог-законот за амнестија, кој предвидува целосно ослободување од извршување казна на оние лица што биле осудени на 6 месеци затвор, а за сите други ќе има намалување од 30 отсто од казната. СДСМ на овој начин манипулира со затворениците, амнестира измамници, криминалци, насилници, крадци, а законот нема да го донесе пред избори. Со законот за амнестија на СДСМ се предвидува ослободување на 1055 тешки криминалци, разбојници, насилници и дилери на дрога
Според познавачите особено спорен е првиот член.
Се амнестираат лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик или други закони, кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија, се вели во член 1 од Предлог законот за амнестија.
За дел од познавачите непрецизна е терминоогијата, за други пак што е истакната дека ќе бидат амнестирани само оние кои се во казнено поправни установи. Велат дека дел од осдените се наоѓаат и во казнено поправни домови.
Красниќи и Сејдиу обвинети за тешки кривични дела веќе се на слобода!
Причината поради која Агим Красниќи од Кондово беше осуден е изборни насилства. Тој неодамна беше пуштен на викенд од затвор. Прв пат по девет години, Агим Красниќи, познат по кондовската опсада на Скопје, влезе во своето село Кондово на 8-ми септември. Неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои што пишуваше „Добредојде команданту”, јавија медиумите на почетокот на месецов.
Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор. Иако во јавноста излегоа информации дека тој не е целосно ослободен, дел од медиумите  пишуваа дека Красниќи ќе има право викендите да ги минува на слобода.
Од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Сејдиу. Тој повеќе од шест години беше во затворот осуден за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување. Требаше да одлежи 12 години, но на половина од казната доби зелено светло за излез од новиот премиер и неговите соработници.  Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Сејдиу доби привремен отпуст до четврти октомври, а како што официјално е наведено од медицински причини.
„Здравствените проблеми“ тутунскиот бос ги лечеше во кафеана во Куманово од каде порача „Да живее Зоран Заев“, кој го ослободи од затвор.Но, полицијата на Оливер Спасовски молчи веќе трет ден за сторителот на ладнокрвното убиство. Јанушев беше застрелан со неколку куршуми кога излегу

Пронајдете не на следниве мрежи: