Убиен е градоначалник во Алжир

Градоначалникот на алжирската комуна Борџ Ел Емир Абделкадер, денеска со огнено оружје беше убиен од страна на терористи, пренесе агенцијата АРЅ.Телото на 56-годишниот Бенјусеф Челхум, беше пронајдено на неговата фарма недалеку од Борџ Ел Емир Абделкадер, комуна на префектурата Тисемслит, околу 200 километри југозападно од Алжир. Изворот за агенцијата рече дека станува збор за „терористички чин“.
Не се дадени никакви дополнителни индикации за околностите на убиството.
Челхум, врз чие тело ќе се изврши аутопсија, беше и претседател на земјоделската комора во префектурата Тисемслит.
Бројот на исламистички напади значително опаѓа во Алжир, но вооружените групи се и понатаму активни во подрачјата во близина на Алжир и на истокот од земјата каде што безбедносните сили се земаат како мета.
Според информациите на алжирската војска, околу 93 исламисти загинале на тероторијата на Алжир од почетокот на годината.Телото на 56-годишниот Бенјусеф Челхум, беше пронајдено на неговата фарма недалеку од Борџ Ел Емир Абделкадер, комуна на префектурата Тисемслит, ок

Пронајдете не на следниве мрежи: