Убиени најблиските роднини на тетинот на лидерот Ким Џонг-ун

Во Северна Кореја убиени се сите најблиски роднини  на неодамна егзекутираниот заменик претседател на Националниот комитет за одбрана Џан Сон-тек, тетинот на лидерот Ким Џонг-ун.Директни роднини на Џан Сон-тек, вклучувајќи ги и малолетните биле убиени по наредба на лидерот на Северна Кореја. Меѓу репресираните биле сестра му Џан Ге-сун и нејзиниот сопруг Џон Јон-чин, кој до недомана бил амбасадор на Северна Кореја во Куба, внукот кој бил амабасадор во Малезија и неговите двајца двесетгодишни синови. Убиени биле дури и внуците на Џан.
Некои од роднините на тетинот на севернокорејскиот лидер биле убиени во нивните домови, затоа што се обиделе да дадат отпор при апсењата.
Подалечните роднини, сопруги на неговите најблиски, успеале да ја избегнат смртта, но биле испратени во прогонство во далечните села.Директни роднини на Џан Сон-тек, вклучувајќи ги и малолетните биле убиени по наредба на лидерот на Северна Кореја. Меѓ

Пронајдете не на следниве мрежи: