Убиството на шестгодишната Џонбенет продолжува да интригира

Детално случајот го проучува новата серија на ТЛЦ Џонбенет: Тајната на едно американско убиство
 Злочинот кој го привлече вниманието на целиот свет- шестгодишното девојче кое учествуваше во натпревари за убавина, мистериозно е убиена во својот дом после Божиќ во 1996 година. Детективите се соочиле со голем број лажни дојави, компромитирано место на злочинот и лавиринт од обвинувања и вперени прсти. Сега, 20 години подоцна, ТЛЦ детално ја истражува секоја трага и фрла ново светло на сѐ уште нерешеното убиство на Џонбенет Рамзи. Во тринеделната серија „Џонбенет: Тајната на едно американско убиство“, која започнува да се емитува во недела од 22 часот, ТЛЦ го истражува отворениот случај за убиството на Џонбенет и хронолошки ги преиспитува доказите од оваа мистерија. Discovery Networks International ќе ја прикаже оваа серија во повеќе од 220 земји и територии.
 
Серијалот „Џонбенет: Тајната на едно американско убиство“, ќе овозможи целосен и сеопфатен преглед на Џонбенет Рамзи. Додека насловите на новинарите детално го бележат секој чекор на истражителите, очекувајќи сензационална вест, цела Америка стана маѓепсана од шестгодишното девојче и бизарните околности во нејзиниот случај. Серијалот ќе прикаже ретко видени снимки од полициско испитување, запечатени документи и повеќе од 500 семејни фотографии, и одблиску ќе го испита секое ќоше на оваа трагична и контроверзна истрага на убиството.
 
Ексклузивните испитаници кои ќе се појават во оваа тринеделна серија се и поранешниот истражител на окружното обвинителство, кој ќе ни го долови внатрешното работење на канцеларијата во критичните моменти од истрагата. Дајен Димонд, новинарка  која од самиот почеток го покривала случајот на терен. Боби Браун и Стив Писи, пензионирани детективи познати по решавањето на некои од најтешките случаи во САД.
 
Во серијалот своето мислење ќе го дадат и Оли Греј и Џон Сен Аугустин, приватни истражители на семејството Рамзи. Поранешниот началник на полицијата во Болдер, Боб Витсон, кој бил присутен во куќата на семејството Рамзи кога телото на Џонбенет е откриено и Памела Грифин, пријателка на семејството, која рачно ги шиела сите костими за натпреварите за убавина на Џонбенет.Злочинот кој го привлече вниманието на целиот свет- шестгодишното девојче кое учествуваше во натпревари за убавина, мистериозно е убиена во својот

Пронајдете не на следниве мрежи: