Руските медиуми јавија за артилериски напади врз јужните делови на Доњецк од страна на украинските сили.Ова е прв пат да биде нападнат јужниот дел од градот, досега судирите меѓу сепаратистите и украинските сили се водеа во северните и западните делови. Во нападот биле користени ракети од типот „Град“, но засега нема информации за повредени или загинати. Артилериски напади имало и во градот Хорвик, во близината на Доњецк, додека во Луганск биле вклучени сирените за опасност од воздушен напад, но градот не бил бомбардиран.
Проруските сепаратисти информираа дека при нападите на украинската армија во петокот загинале 19 лица, а 60 се ранети.Ова е прв пат да биде нападнат јужниот дел од градот, досега судирите меѓу сепаратистите и украинските сили се водеа во северните и западните делов



