Улична правда за труењата на улични животни во РМ

Триесет мртви во Велес, претходно уште најмалку двапати по толку во Струга, Битола, Гевгелија, за Скопје да не зборуваме, таму се убива на секој чекор и на секој начин.А ние постојано апелираме до институции што знаат што треба да направат единствено кога од тоа имаат корист, реагираме до полициски станици што не сакаат да ни ги прифатат пријавите додека не им се заканиме со внатрешна контрола, пишуваме објави во медиуми, цитираме членови од закони, објаснуваме, аргументираме, колнеме, плачеме и жалиме, но ништо реално не менуваме. Убиствата не престануваат – било да се од отров, било да се „еутаназии“.
Затоа, сега менуваме тактика, повикуваме секој што сака да ни се придружи да се организираме посоодветно и конечно да се избориме со ова зло, да ни пише на нашата ФБ страница. Јасно е дека лудилото во оваа земја ќе го прекине само „поетична и улична правда“. Ги повикуваме граѓаните да ни се придружат на нас активистите и на наш начин да ги решиме трујачите и убијците, било да се во шинтерска или во цивилна униформа, зашто очигледно друг излез нема. И нема да дозволиме ниеден граѓанин што одбранил улично животно да трпи правни последици. Ќе го браниме со интернационални правни тимови.
Очигледно во оваа земја законите се направени да се кршат, а ние само следиме трендови.
Со осуда,
Здружение за заштита на животни и животна средина „ЕДЕН“
 А ние постојано апелираме до институции што знаат што треба да направат единствено кога од тоа имаат корист, реагираме до полициски стани

Пронајдете не на следниве мрежи: