Унгарецот Хорват признал дека местел натпревари

Габор Хорват, поранешен унгарски дефанзивец, пред почетокот на судењето за корупција, признал дека учествувал во лажирање на натпревари.Хорват, кој во кариерата настапувал во унгарската прва лига, рекол дека не можел да го избегне местењето на натпревари.„Никако не можев тоа да го избегнам. Со обложував на лажирани натпревари и заработив многу пари. Сепак тие пари лесно и брзо ги потрошив. Жал ми е што бев на залез од кариерата кога оваа болест се рашири во Унгарија“, изјавил Хорват, кој на 29-годишна возраст во 2011 година ја завршил кариерата.Хорват сега работи како личен тренер во Дубаи. Медиумите во Унгарија наведуваат дека 46 фудбалери наместиле 33 натпревари во првата лига.
МакфаксГабор Хорват, поранешен унгарски дефанзивец, пред почетокот на судењето за корупција, признал дека учествувал во лажир

Пронајдете не на следниве мрежи: