Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ свечено го одбележа денот на осамостојувањето на Македонија

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ вчеравечер во Дом на АРМ организираше настан за одбележување на 25 – годишнината од осамостојувањето на Република Македонија.На настанот учествуваа Ансамбл Македонија, Сашо Гигов Гиш, Валентина Божиновска, Дарко Билбиловски и поетесата Виолета Сековска, а од страна на Милена Илиеска беше изведена монодрамата Султана – Мајката на Гоце Делчев.
-Да се чепне длабоко во македонскиот музички извор и македонска историја, а притоа да не се спомене името на мајките чии синови испишале и оставиле историја за паметење, ќе е нечесно кон она што се вика основа на човештвото,  потенцираа од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
На настанот присуствуваше претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и во наредните денови ќе продолжи со организација на активности и настани во чест на Денот на Самостојноста и Независноста на Република Македонија.На настанот учествуваа Ансамбл Македонија, Сашо Гигов Гиш, Валентина Божиновска, Дарко Билбиловски и поетесата Виолета Сековска, а од страна на Мил

Пронајдете не на следниве мрежи: