Универзална сала ве поканува да бидете дел од Волшебниот парк, кој е дел од проектот „Волшебна Нова Година 2015“

Проектот „Волшебна Нова Година 2015“ е во организација на Универзална сала, а под покровителство на Град Скопје. Ве покануваме на незаборавна новогодишна авантура во Парк Жена Борец, од 25 до 31 декември да бидете дел од Волшебниот парк кој е создаден од: Новогодишниот маркет, Детската волшебна шума, Распеаната елка и Централниот дочек на Новата 2015 Година.
Официјалното отворање на „Волшебна Нова Година 2015“ ќе биде на 25 Декември 19.00 часот во Парк Жена Борец.
Како посебен дел од овој проект е и Дедомразовска трка која за првпат се организира во градот, што ќе се одржи на 28 Декември (недела) 2014 година во 12 часот.
Трката има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за изградба на парк за активно вежбање и спортување.
За првите 500 пријавени учесници, следува подарок ДЕДОМРАЗОВСКИ костум, со кој ќе се учествува на трката. Костумот е составен од пантолони, палто, ремен, капа и брада.Ве покануваме на незаборавна новогодишна авантура во Парк Жена Борец, од 25 до 31 декември да бидете дел од Волшебниот парк кој е создаден од:&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: