Управен суд веќе ја поништил одлуката на ДИК

Скандалозната одлука за прегласување на едно изборно место, затоа што на една гласачка не и било дозволено да гласа, веќе била поништена од Управниот СУД во 2013, кога за ист случај судот одлучил дека во ваков случај не се прегласува.Од Управниот суд веќе е воспоставена пракса со пресудата број 1.11.823 од 27.04.2013 со која е одлучено дека во случај ако едно лице гласало за друго, истото лице има право да бара заштита на избирачкото право и нема основ за поништување на гласањето во избирачкото место, особено ако тој глас не влијае на конечниот резултат – како во ослучајот од избирачкото место 0396/1 од Гостивар.
Државната изборна комисија со 6 гласа “За” и 3 гласа “Против” го усвои приговорот на БЕСА за да се прегласува во ова избирачко место во изборната единица 6. 
При разгледувањето на овој приговор по барање на ДИК денеска на седницата присуствуваа сите членови на Избирачкиот одбор од избирачкото место 2016 со цел да го потврдат избирачкиот записник. Но ДИК одлучи да не им верува на членовите на изборната комисија тука да и верува на Фатиме Сулејмани од Косово, која била донесена од СДСМ да гласа во Гостивар. Фатиме, иако незаконски поканета, пред ДИК истакна дека не и било дозволено да гласа затоа што нејзиното име веќе било потпишано во избирачкиот список – односно некој гласал наместо неа. Но, од избиачкиот одбор рекоа дека кога и ја провериле раката со УВ ламба, излегло дека таа веќе имала гласано.
Поради форензичко вештачење, кое покажало дека потписот на избирачкиот список не е со нејзин ракопис, членовите го поништија гласањето во избирачкото место во 0396/1 во Гостивар.
Имајќи ја предвид оваа претходна одлука, јасно е дека Управниот суд и овој пат ќе ја поништи одлуката на ДИК по приговорот кој сигурно ќе стигне.Од Управниот суд веќе е воспоставена пракса со пресудата број 1.11.823 од 27.04.2013 со која е одлучено дека во случај ако едно лице гласало за дру

Пронајдете не на следниве мрежи: